Мицкоски е дотеран до ѕид, му треба алиби за избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски се обидува да ја претстави реконструкцијата на Владата како нормален потег, но реалноста е сосема поинаква.

Мицкоски е дотеран до ѕид и нема излез, освен предвремени избори.

Буџетот е празен. ЕУ интеграциите се стопирани. Со ова темпо, наскоро нема да има пари ниту за пензии.

Целата Влада е составена од луѓе со бугарски пасоши, додека граѓаните се соочуваат со економски колапс.

Цените на горивата експлодираа, следуваат нови поскапувања, а минималната плата не е зголемена ниту за денар.

Најтешко од сè е што зад сите овие проблеми стојат криминални афери од кои Мицкоски не може да се избега: 5 тони дрога, криминални тендери од над 150 милиони евра, продажба на струја со почесниот конзул Душан Адамовиќ.

Во Унгарија е во тек истрага за медиумската мрежа на Орбан, блокирани се сметките на медиумите поврзани со ВМРО и Латас.

Дополнително, медиуми ги разоткриваат бизнисите на Мицкоски и ВМРО во Бугарија.

Мицкоски нема каде да избега. Единствената опција што му преостанува е да распише предвремени избори во надеж дека ќе си купи уште слобода.

Затоа и прави театар со реконструкција на Владата – да создаде привид на движење, иако сè се распаѓа.

Прашањето е само кој од сателитите ќе му даде алиби за изборите.

Левица? Остатоците од ЗНАМ? Или некој нов проект?

Рејтингот на Мицкоски го допре дното. ВМРО изгуби над 150.000 гласови. Сè што изгради со лаги и со криминал сега се руши.

Затоа и брза на избори, не затоа што сака да го слуша народот, туку затоа што нема друг излез.

Мицкоски е во ќош. Изборите се неговиот последен обид да се спаси.