fbpx

Извршителот на Груевски, Коце Трајановски, веднаш да поднесе оставка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Продолжува лудилото и самоволието на ВМРО-ДПМНЕ на директна штета на здравјето на граѓаните.

Додека граѓаните со денови се гушат во нечист воздух, извршителот на Никола Груевски, Коце Трајановски, продолжува со масакрот на дрвата во Скопје!

Подмолно и безобразно, во 2:30 часот после полноќ исечени се децениски 47 дрва во кампусот на Универзитетот свети Кирил и Методиј.

Коце Трајановски, извршителот на Никола Груевски мора веднаш да си поднесе оставка!

За Никола Груевски најважни се барокните тендери и бизнисот на фамилијата. Здравјето на граѓаните, зеленилото, за Никола Груевски е неважно.

Груевски остана глув на негодувањата, реакциите на студентите и граѓаните за задржување на стариот изглед и прекин со плановите за изградба на барокни факултети.

Извештаите на Светска банка посочуваат дека поради огромната изложеност на граѓаните во Македонија на загаден воздух и канцерогени честички годишно има 1.350 смртни случаи поради болести на дишните патишта и рак.

Загадувањето на воздухот е директна последица на погрешните политики на Никола Груевски кој потроши 630 милиони евра за споменици додека граѓаните дишат отров наместо воздух.

За Груевски и братучедот Мијалков важни се само тендерите, парцелите на Водно, провизиите од потрошените 630 милиони евра за споменици, бизнис интересите на фамилијата.

На 24-ти април доаѓа големо пролетно чистење на валканите политики на Никола Груевски.

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!

 

Скопје, 12.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести