Тренчевска: Владата две години ги игнорира работниците, цените растат без контрола

Facebook
Twitter
LinkedIn

Потпретседателката на СДСМ Јованка Тренчевска во емисијата „Тема на ден“ на телевизија Сител нагласи дека Владата веќе две години не води вистински социјален дијалог, ги игнорира барањата на синдикатите и не презема никакви конкретни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните.
„Две години немаме функционален социјален дијалог, односно онака како што е и по закон кај нас, трипартитен социјален дијалог помеѓу Владата, синдикатот и работодавачите. Сведоци сме дека беа одбивани па дури и не се разговараше за оние барања коишто ги имаа синдикатите, а тоа се барања коишто произлегуваат од самите работници, оние чии чии што права ги застапуваат“, рече Тренчевска.

Тренчевска посочи дека работниците тешко живеат, власта нема слух за зголемување на минималната плата, ценовните удари не се завршени. Таа предупреди дека новото поскапување на дизелот ќе предизвика нов бран поскапувања на храната и основните производи, а Владата повторно нема одговор.
„Дефинитивно дека ќе влијае на животниот стандард на граѓаните покачувањето на а цената на дериватите, затоа што транспортот најголем дел од индустријата е врзан со цената на дериватите. Земјоделството најголем дел е врзан со цената на дизелот, така што, не може да не влијае врз а животниот стандард на граѓаните, врз цените во малопродажните цени во маркетите, на пазарот, овошјето, зеленчукот не може да не влијае“, рече Тренчевска.

Во интервјуто Тренчевска потенцираше дека Владата не презема ништо за да го заштити животниот стандард на граѓаните, на работницитем на најранливите категории, ниту пак прифати разговор за зголемување на минималната плата.
„Владата ниту во од февруари до јуни не превзеда конкретни мерки за животниот стандард. Единствено што намали тоа беше акцизата во одреден период и ДДВ на дериватите. Не презема никакви мерки за работниците на барањето на синдикатите покачување на минималната плата. Никако за тоа. Не се ни разговараше ниту пак преговараше. Мора да се има таргетирани мерки“, рече Тренчевска.
Притоа, Тренчевска, потсети дека Владата на СДСМ во време на глобалната економска и енергетска криза веднаш реагираше со конкретни мерки за заштита на граѓаните.

„Во март имавме пакет од 400 милиони евра за најранливите, за најсиромашните. Имавме намалување на ДДВ и ограничување на маржите. Ограничувањето на маржите е една од најдобрите мерки која дава резултат, особено кај посиромашниот слој граѓани, кои целиот свој буџет го даваат на храна и на режиските трошоци. Мора да има таргетирани мерки за најранливите, бидејќи кризата не ги погодува секогаш сите исто. Сиромаштијата е најголема токму кај луѓето со ниски приходи или луѓето коишто се во делот на социјалната заштита“, рече Тренчевска.

Таа додаде дека денес сиромашните семејства се оставени сами да се справуваат со растечките трошоци за живот, додека Владата не ги зголемува ниту социјалните права.
„Две и пол години не е покачено ниту едно право ниту на лицата со попреченост ниту на оние што не се вработени гарантирана минимална помош, ниту на старите лица коишто земаат социјална пензија којашто им е единствениот приход во семејството.Нема покачување ниту на едно право“ рече ТренчевсКА.