Мицкоски отвора базен, а Унгарија отвора истрага

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во истиот ден додека Христијан Мицкоски свечено отвора базен, новиот унгарски премиер Петер Маѓар најави истрага за кредитот од една милијарда евра што Орбановата влада му го одобри на Мицкоски.

Маѓар јасно посочи да постои сомнеж дека парите наменети за поддршка на унгарски фирми биле искористени за јакнење на политички сојузник.

Истрагата е веќе предадена на полиција.

Додека во Унгарија почнуваат да испитуваат каде завршиле парите и зошто Мицкоски добил пари, кај нас премиерот отвора базен.

Ова е совршена слика на две години владеење на организираната криминална група ВМРО:

• На една страна – истраги, сомнежи за злоупотреба и политички мотивирани кредити.

• На друга страна – базени, ленти и фотографии за домашни потреби.

Мицкоски и неговите соработници со години се фалеа со „стратешкото партнерство“ со Орбан.

ВМРО преку Орбан контролира околу 40% од медиумите во Македонија, а тука е и 4iG како мобилен оператор, чија инфраструктура ќе се користи за дистрибуција на медиумски содржини.

Сега, кога Орбан падна, почнуваат истрагите. А тие, наместо одговори, продолжуваат со претстави.

Граѓаните треба да знаат: додека тие се дават во економска криза и во загадена вода, Мицкоски отвора базен а во Унгарија веќе проверуваат колку тој базен, и многу други работи, навистина чинеле.