Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Унгарскиот „Икарус“ повторно победи на тендерот за електрични автобуси во Скопје.

Скопјани ќе се возат во автобуси што се поскапи за околу 8.000 евра по парче во споредба со претходниот тендер.

Зад „Икарус“ стои Габор Селеш – долгогодишен и отворен поддржувач на Виктор Орбан.

Јавно го фалеше Орбан, и ги финансираше и организираше про-орбановите маршеви, а политички е близок со Фидес уште од 2000-дите.

Фирмата е дел од пошироката мрежа на бизнисмени блиски до Орбан.

Ова е класичен модел на соработката Орбан–Мицкоски.

Додека во Унгарија новиот премиер Петер Маѓар отвора истраги за кредитот од милијарда евра и за орбановите зделки, кај нас истиот круг продолжува да лапа тендери.

Поскапи автобуси за граѓаните, а истите врски остануваат недопрени.

Мицкоски по истиот принцип го воведе и орбановиот 4iG како мобилен оператор во Македонија. Задачата на 4iG не беше само бизнис – туку да обезбеди инфраструктурна и технолошка поддршка на орбаново-вмровската медиумска мрежа, која контролира околу 40% од медиумскиот простор во земјата.

Автобуси, кредити, медиуми, телекомуникации – се е дел од истата шема.

Политички поврзани фирми од орбановиот круг добиваат работа, а цената ја плаќаат граѓаните.