Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор
Додека Мицкоски свечено отвора базен во Кавадарци, половина Македонија нема безбедна вода за пиење.
Гостивар. Валандово. Болницата во Лешок. Сега и во Крушево водата е бактериолошки неисправна.
За само неколку денови имаме четири града, со загадена вода за пиење.
Ова е најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите под власта на Мицкоски и неговата Организирана криминална група.
Прашањето е колку градови уште пијат неисправна вода?
Институциите повеќе не ја извршуваат ниту својата најосновна обврска – да ги заштитат животот и здравјето на граѓаните.
Здравствениот систем е оштетен, институциите се нефункционални, а власта на Христијан Мицкоски нема ниту капацитет ниту одговорност да се справи со сериозните закани по јавното здравје.
Директор на Фондот за здравствено осигурување е човек чие образование е тренер, минстер за полиција го праќа да објаснува за хлорира вода, министерот за здравство ги навредува лекарите затоа што ја изнесоа вистината.
Ова е огледалот на целиот системски колапс. Последица на нестручност и незнаење.
Оваа организирана криминална група ВМРО за две години успеа да направи економски колапс и целосна изолација на земјата. Сега, изгледа, сакаат и физички да ја отрујат.
За труењето на народот одговорност мора да има, политичка и кривична.
Министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов треба да поднесат оставки веднаш!
1.СДСМ бара итно објавување на сите анализи за квалитетот на водата!
2.Целосна истрага за непостапувањето на надлежните институции и
3.Одговорност од сите што знаеле, молчеле и го загрозиле здравјето на граѓаните.
Линк до видео:


