(Видео) Две години ВМРО и Борко Ристовски го уништуваат спортот – со ребаланост поддршката е преполовена

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на Панче Милевски-Панта, СДСМ

Оваа Влада системски го уништува македонскиот спорт.

Две години се крати поддршката за спортот, нема инвестиции за спортистите, клубовите и федерациите

Додека спортистите се борат за основни услови за тренинг и натпревари, Владата и со ребалансот ги скрати парите за спортот.

Не се предвидени дополнителни пари за субвенции за спортските субјекти. Тоа значи дека директната поддршка за федерациите, клубовите и индивидуалните спортисти останува на само 5,4 милиони евра.

Во 2024 година поддршката изнесуваше 10 милиони евра.

Во 2025 година беше намалена на 6,7 милиони евра.

Денес е сведена на само 5,4 милиони евра.

За само две години спортот изгуби речиси половина од директната финансиска поддршка.

Ова е континуирана негрижа на власта за областа што е промотор на нашата држава.

До кога планира Мицкоски и Владата на ВМРО да маргинализираат спортот и спротистите?

Нели затоа стави спортист за министер, кој заборави на спортот откако се префрли на бизнис зделки и тендери.

Наместо да инвестира во луѓето кои го создаваат спортот, на министерот за спорт најголем фокус на министерот му се градежни проекти.

Дали Министерството за спорт се претвора во градежна фирма?

Наместо системска поддршка за спортистите, младинските категории и спортските клубови, најголемите активности се сведуваат на отворање и реконструкција на објекти.

На 11 јуни 2026 година беше свечено пуштена во употреба спортската сала „Расадник“, во присуство на премиерот, министерот и високи владини претставници.

Проектот беше претставен како капитална инвестиција од невидени размери досега.

За реконструкцијата беа потрошени околу 1,9 милиони евра. Само еден месец по свеченото отворање, во салата повторно се изведуваат работи, на веќе реновираниот паркет.

Дали салата имаше технички прием пред отворањето? Дали премиерот знаел дека објектот кој свечено го отвора владата само еден месец подоцна повторно ќе се реконструира?

Министерот често зборува за вложување во младите, а не им дава поддршка.

Каде е системот за развој на младите ватерполисти?

Каде е стратегијата за спортовите кои со години се борат за опстанок?

Каде е поддршката за оние кои утре треба да ги бранат боите на Македонија?

Младите се откажуваат од спортот, немаат услови, разочарани се од системот.

Спортот го создаваат спортистите, тренерите, клубовите и федерациите.

Македонските спортисти заслужуваат влада која ќе инвестира во нив, која ќе ги поддржува и им овозможува услови за успеси и награди, а не влада која гледа како да украде и од нив за да има повеќе за своите лускузи и бизниси.

Линк до видеото: