Водата е загадена, а институциите “ќе дошле” за пет дена

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во Пласница водата е неисправна за пиење.

Градоначалникот јавно кажа дека изворот Студенчица го користат и Прилеп, Кичево, Македонски Брод, Долнени и Крушево.

Ако е сè поврзано на истиот водовод, постои голема веројатност дека проблемот е многу поширок.

Што направија надлежните?
Градоначалникот ги повика.
Одговорот: ќе дојдат пет дена подоцна.

Пет дена граѓаните да продолжат да ја користат водата додека некој конечно не дојде да земе примерок и да направи анализа.

Ова е токму она за што зборуваме деновиве.

Ова е односот на институциите предводени од Мицкоски и организираната криминална група ВМРО кон граѓаните.

Ќе ве пуштат да пиете вода пет дена, па ќе проверуваат дали е безбедна.

Така функционира целата држава под власта на Мицкоски.

Единствено место каде што се ажурни се тендерите.
Таму не се чека. За фирмите блиски до ВМРО сè се решава веднаш.

За здравјето на граѓаните – пет дена чекање. За тендерите – истиот ден.