Соопштение за јавност
Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје пред 63 години а денес гледаме разорена цела Македонија.
Тогаш беше природна катастрофа. Денес државата се соочува со системска непогода.
Тогаш земјата се тресеше дваесет секунди.
Денес, веќе повеќе од две години, се разоруваат довербата, институциите, економијата и перспективите.
Повеќе од две години се трујат: водата, народот, медиумите, информациите, институциите. Иднината.
Тогаш последиците беа урнатини и жртви.
Денес гледаме разболени граѓани, празни фрижидери, задолжена и изолирана држава и млади што си заминуваат.
Тогаш светот се солидаризираше со Скопје.
Денес организирана криминална група криминална група и Христијан Мицкоски покажуват солидарност само кон сопствените интереси – криминалот и корупцијата.
Разликата е една.
Земјотресот беше сила на природата.
Денешните проблеми се последица на политички одлуки и на начинот на кој се управува со државата.
Последиците се видливи.
Разорена доверба.
Ослабени институции.
Земја од која младите заминуваат.

