Максим Димитриевски денеска рече дека завршило времето на политичари што се натпреваруваа кој ќе летува на поексклузивна дестинација (веројатно мисли на Мицкоски и неговите патувања со државниот авион) и дека дошло време за отчет пред граѓаните.
Да, Максо. Време е.
Време е граѓаните да ви ја испорачаат сметката.
За предавство на партијата. За предавство на гласачите. За Пошта. За тендерите.
Доста го крадевте буџетот на граѓаните на Македонија.
ЗНАМ е здружение што го создаде и го финансираше Мицкоски. Сега ве финансира преку тендери.
Ви го плаќаше уделот во тендер-коалицијата.
Тоа здружение, ЗНАМ, повеќе не постои.
Не постои во анкетите. Не постои кај граѓаните.
Си одат пратеници. Си одат советниците по општините.
Остануваат само Максо и Минчев.
Останатите седат само уште малку, колку да си го наплатат предавството.
Ете колку остана од ЗНАМ.
А остана уште и граѓаните да ви ја испорачаат сметката.
И да одговарате за криминал и корупција.
Уште малку.
Доаѓа времето на вистината и правдата.
ЗНАМ тоа го знае.

