Соопштение за јавност
ВМРО-ОКГ повторно се обидува да ја префрли одговорноста за труењето на Гостивар врз „кадри на СДСМ“.
Прашање до Бране Петрушевски: Каква врска имаат кадрите во Гостивар со СДСМ?
СДСМ никогаш не била на власт во Гостивар. Тоа го знае цела Македонија.
Ставани сте во ќоше.
Морате да излезете и да ја признаете вистината.
А потоа доаѓа правдата.
Тогаш некој од вас мора да одговара.
Не можете да отруете цел град, потоа уште седум градови, реките Лепенец и Вардар, отровот да стигне до Скопје и никој од вашата банда да не одговара.
Вашата организирана криминална група ВМРО ја има власта.
Како што се фалевте до вчера на локално ниво, на републичко ниво, се до премиерот, шефот на ОКГ и претседателката.
Џабе сега приказни и лажање.
Целокупната власт и институциите ги држите вие. Уште малку.
Додека не ја вратиме власта во рацете на граѓаните.
А вие по закон и пред независно судство – ќе одговарате за сите злодела.

