Имаме лоша вест за Мицкоски – претурањето од шупливо во празно води кон банкрот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски денеска порача дека државата нема да банкротира и дека опозицијата шири страв.

Ханс Христијан Мицкоски – Приказни за мали деца. Бајки.

Од каде ги зема парите за враќање на кинескиот кредит?

Од МЕПСО.

Од Навигација.

Од Лотарија.

Ги празни државните претпријатија за да го покрие долгот што самиот го направи.

Тие јавни претпријатија од кои сега позајмува веќе се задолжени кај домашните банки.

Зема заем за да врати заем. Претурање од шупливо во празно.

Коцкарска техника. Таква е и економијата.

Што би рекол народот: „не го карала мајка што се коцкал, туку што се вадел“.

За две години ја задолжија земјата со 2,5 милијарди евра.

Кој знае колку дополнително се задолжени јавните претпријатија.

Вториот столб на пензискиот фонд е загрозен – веќе ги потрошија парите што граѓаните ги уплатиле.

Наскоро нема да има ни за пензии. Затоа беше направен ребаланс – за да се спаси исплатата на пензиите.
А сега и овој кредит.

Сите пари од буџетот ги потрошија на криминални тендери на луѓе од организираната криминална група на Мицкоски, а Обвинителството одбива да постапува затоа што работи на телефонски повик од Мицкоски.

Земјоделците – намален откуп, нема исплата на субвенции.

Поскапе горивото, а минималната плата не е зголемена.

Толку за буџетот во „добра кондиција“ и за третата економија во Европа.

Тоа не е управување.

Тоа е префрлање од еден џеб во друг додека касата се празни.

Граѓаните веќе го чувствуваат тоа.

Потрошувачката кошничка расте.

Платите стојат.

Пензиите се под знак прашање.

Мицкоски може да зборува колку сака дека нема да банкротираме.

Реалноста е поинаква: Државата се задолжува кај самата себе за да го сервисира долгот кон Кина,
а граѓаните плаќаат сè поскапо за сите производи и потреби.

Бајките ги слушаат само тие што сакаат да ги слушаат.

Останатите веќе гледаат во празните фрижидери.