Соопштение за јавност
Клековски денеска изјави дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, а фокусот сега е на навремено откривање на хепатит А и Е.
Претходно самиот призна дека алармот им се вклучил доцна, „црвените светла“ закасниле, како што рече.
Тоа значи едно: Никој од кадрите на ВМРО-ОКГ не контролирал ништо.
Сега признава појава на жолтица.
Токму она што проф. д-р Венко Филипче го кажа уште минатата недела – дека ќе се случи и дека тие не знаат да управуваат со криза.
Јасно е дека човек како Клековски, без знаење и без стручност, не може да се носи со ваква ситуација.
Прво ја доведоа до оваа точка.
Потоа ги криеја податоците и ја префрлаа одговорноста заради политички поени.
Сега ќе доведат до сериозни последици за здравјето на жителите на Гостивар.
Кај нив гласовите секогаш се поважни од животот и здравјето на луѓето.
Тоа е организираната криминална група која мисли само на своите тендери, а не на граѓаните.
Тоа се тие прочуени тендер-патриоти.


