Соопштение за јавност
По Скопје 2014 сега нов начин на крадење пари измисли ВМРО-ОКГ: Скопје 2028. Класична легализација на корупција.
Криминалната организација ВМРО повторно се обидува да протне закон со кој ќе ги заобиколи правилата за јавни набавки и ќе отвори простор за нови милионски тендери без контрола.
Подготвиле закон со кој 21 милион евра јавни пари ќе можат да се трошат без примена на Законот за јавните набавки, без тендер.
Преку основање Фондацијата што наводно треба да го реализира проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.
Со овој закон се создава опасен преседан чија цел е пумпање на парите на граѓаните и богатење на поединци.
Ако денес една институција биде изземена од Законот за јавните набавки, утре истото може да се направи и за секој друг проект што власта ќе го прогласи за „приоритетен“.
Ова е криминален систем создаден за злоупотреби по рецепот на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
Само тендери и лапање пари – тоа е единствената цел на оваа организирана криминална група.
СДСМ бара итно повлекување на овој криминален закон кој значи легализација на корупција.
Никој нема право да биде над Законот за јавните набавки, особено кога станува збор за десетици милиони евра пари на граѓаните.

