Соопштение за јавност
Сè уште немаме документи.
Сè уште немаме анализи.
Сè уште немаме потпис и печат.
Кој ги правел анализите на водата во Гостивар?
Кои се резултатите?
Кој потпишал и кој гарантира дека водата е технички чиста и безбедна за капење?
Не можеме да веруваме само на изјава на Мицкоски.
Знаеме колку лаже.
Не можеме да веруваме ни на министерот за полиција кој се занимава со водоснабдување и хиперхлорирање наместо со криминал и корупција.
Бараме јасно:
Кој стои зад одлуката со свој потпис и печат?
Која институција им гарантира на граѓаните чиста техничка вода?
Денес бараме одговор.
Затоа што еднаш веќе ги криеја резултатите.
И тоа доведе до над 4.000 заразени и појава на епидемија на жолтица во Гостивар.
Во име на граѓаните на Македонија и на Гостивар, бараме денес одговор.


