Клековски најавува вода за пиење а сè уште не кажува кој потпишал за техничка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Клековски денеска најави дека епидемијата во Гостивар се смирува
и дека до крајот на неделата се очекува водата да биде безбедна за пиење.

Прашањето останува исто:

Кој ќе потпише дека водата е за пиење?

Кој ставил потпис и печат на извештајот за техничка исправност?

Кој ќе одговара кривично ако повторно го отруете целиот град?

Ја отрувте цела Македонија. Седум градови.

Бела пена има во Лепенец и Вардар.

Кој да ви поверува дека нема повторно да молчите ако водата е отруена?

Ги криевте извештаите.

Ја криевте и епидемијата на жолтица што се појави токму поради труењето на водата.

Криете сè, а сакате народот да ви верува.

До денешен ден никој не презел одговорност.

Затоа ако повторно не е исправна – повторно никој нема да одговара.

Како што работите две години: секогаш е некој друг виновен за вашите дела.

Затоа бараме јасно:

Кој го потпишал извештајот?

Кој става гаранција со своето име и презиме?

Да знаеме кој ќе оди во затвор
поради труење на граѓаните на Македонија.

Бараме одговор денес.

Со име, презиме и потпис.