Евростат го потврди дебаклот на Мицкоски: Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Евростат објави поразителни бројки, го потврди дебаклот на Мицкоски: Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа.

Евростат ја покажа суровата реалност за економската мизерија во која живеат македонските граѓани после две години Влада на Мицкоски и ВМРО.

Зад Македонија нема друга земја, пред нас се Босна и Херцеговина, Турција, Црна Гора, Србија….

Додека Мицкоски зборува за „трета економија во Европа“, „поголем раст од ЕУ“, и за „економско чудо“, Евростат ја покажува реалноста:

Каква трета економија, какво економско чудо, Македонија е на дното.

Евростат ја објави реалноста дека македонските граѓаните живеат полошо од сите граѓани во Европа.

Тоа е економското чудо на Мицкоски – во факти. А тоа најдобро го знаат граѓаните на Македонија.

Со Мицкоски сме заглавени на дното.