Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски денеска соопшти дека нема да има класичен одмор. Ќе одел на „екскурзија“ во Белгија. Осум дена. Во Бриж и Брисел.
До кога со копирање на Вучиќ?
Нели рече граѓаните да летуваат во Македонија? По езера. По планини. „Нека сите летуваат во Македонија.“
Сега тој оди на „екскурзија“. Исто како што ја води Владата – како да е на екскурзија.
За да може да лета со владиниот авион и да ја крстат службена екскурзијата.
Зошто ако земе класичен одмор – ќе мора со кола. А така го болат колената.
Истата игра. Истиот речник. Истиот трик.
Мицкоски повторно покажа дека нема ништо свое.
Сè е копија на Вучиќ.
