Соопштение за јавност
Најпосле Христијан Мицкоски ќе го легализира својот бизнис со струја.
Како? Со Вучиќ.
Вчера Мицкоски се сретна со Ѓуро Мацут – човекот кого само Вучиќ го нарекува премиер, на неочекувана посета, иако Мацут во Охрид се чувствува како дома.
Целта: да ја официјализира соработката меѓу СНС и криминалната организација ВМРО.
Со Душан Адамовиќ, високиот член на СНС, почесен конзул на Македонија, Мицкоски веќе има соработка, офшор фирми за продажба на електрична енергија.
Сега со Мацут тоа ќе го официјализираат.
Оваа балканска организирана криминална група, под водство на Вучиќ, а во Македонија под водство на Мицкоски, сега ќе ја легализира и продажбата на струја преку своите структури.
Вучиќ ја легализираше корупцијата преку Експо 2027.
Мицкоски тоа сака да го направи преку Скопје 2028.
Кога ќе го завршат – криминалот и корупцијата ќе бидат легитимни.
Повеќе нема да мораат ниту да се мачат со тендери, па ДКСК и Обвинителството да ги бранат.
Кога ќе го изгласаат законот – парите и провизиите ќе одат директно во џеб.


