Ненајавена посета на „српскиот свет“, со однапред најавена агенда!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во која земја премиер од друга држава доаѓа ненајавено?

Ѓуро Мацут – човекот кого само Вучиќ го нарекува премиер, вчера ненајавено дојде во Охрид кај Христијан Мицкоски.

Во која суверена земја премиер на соседна држава може да дојде кога сака, без најава, без протокол, како да си е дома?

Одговорот е јасен, кога ќе се погледне кој стои зад сè ова.

Поранешниот директор на БИА, поранешен министер за полиција, денес министер за одбрана Гашиќ – истиот оној чија дрога од 5 тони беше најдена во селото Коњух (како што изјави уапсениот функционер на СНС) и кој јавно изјави на Кајмакчалан дека Македонија е „српска територија“.

Бизнис-партнерот на Мицкоски, денес почесен конзул на Македонија во Србија, Душан Адамовиќ – човек со криминално минато, јавно вели дека Македонија е „окупирана српска територија“.

Затоа Мацут може да доаѓа ненајавено. Затоа што тие Македонија ја сметаат за своја територија.

Токму затоа во последните извештаи на Европската комисија постојано се посочува големото влијание на Вучиќ и СНС врз Македонија – влијанието на таканаречениот „српски свет“.

Политички проект роден во времето на Милошевиќ, а денес продолжен преку Вучиќ.

На сè ова се додава и медиумската офанзива:

• влез на српски медиуми од групацијата „Ало“ (Информер и други),

• Еуроњуз со лиценца на Вучиќ, кој треба да го води Ивона Талевска,

• додека Латас ја води целата мрежа заедно со Орбановите 40% од медиумите во Македонија.

Очекуваме „српскиот свет“ наскоро целосно да го заокружи медиумскиот мрак во земјава – во интерес на ВМРО-ОКГ и Мицкоски.

Поради тоа влијание од српскиот свет и Орбан – наскоро граѓаните нема ни да може да дознаат дека водата што ја пијат е загадена со фекалии.

Македонија не е ничија територија. Македонија е држава на своите граѓани, а не на „српскиот свет“, на Вучиќ или на Мицкоски.