Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштние за јавност

Брисел во август не е туристичка дестинација.

Не е град за екскурзии.

Не е место каде што се оди на одмор.

Брисел е град на европската бирократија – Европската комисија и Европскиот парламент.

Таму се оди само кога имаш конкретна работа со Европската унија.

Зошто Христијан Мицкоски токму сега оди во Брисел?

Оваа Влада нема резултат на ниедно поле.

Единствен начин да покаже некаков „успех“ е да ги отвори преговорите со ЕУ.

А тоа значи едно – прифаќање на францускиот предлог.

Тимчо Муцунски веќе го кажа: преговори „под радарот“.

Таен план.

Зошто таен?

Затоа што гласачите на ВМРО не смеат да дознаат дека повторно се излажани.

Мицкоски дојде на власт со лаги:

• лаги за името

• лаги за Преспанскиот договор

• лаги за „подобри преговарачки услови“ и „гаранции“

• лаги дека протоколите се дел од рамката

Сега сами ги побиваат.

Сиљановска потврди дека македонскиот јазикот, културата и националниот идентитет се заштитени.

Муцунски рече дека НАТО е феноменална работа и за безбедност и за инвестиции.

Самиот Мицкоски го нарече Преспанскиот договор ремек-дело на дипломатијата.

А Муцунски пред неколку дена јавно кажа дека протоколите не се дел од преговарачката рамка.

Сѐ што ветуваа во кампањата падна во вода.

Сега мораат да го прифатат она против што се бореа.

Но не знаат како да им објаснат на своите гласачи.

Затоа – таен план.

Затоа – „под радарот“.

Затоа – екскурзија во Брисел среде лето.

Кој друг оди во август во Брисел?

Само оној што нема што друго да покаже и мора повторно да лаже.

Ова е уште еден доказ за државотворната политика на СДСМ и целосна потврда на сите лаги со кои, на колена, Мицкоски дојде на власт, лагите со кои владее и лагите што сега ги подготвува за да им објасни на своите гласачи дека нема предавство туку само лаги на тендер-патриоти.