Соопштение за јавност
Ова веќе станува толку смешно, што кога не би се работело за животниот стандард на граѓаните, би можеле само да се смееме.
Според Мицкоски и неговата криминална група ВМРО, Македонија е:
• Трета економија во Европа (без коментар)
• Прва по туризам (можеби поради екскурзијата на ВМРО-ОКГ и Мицкоски).
• Лидер во авио-сообраќајот (откако две авиокомпании ги укинаа линиите за Скопје)
• Прв аеродром во Европа (најверојатно затоа што младите бегаат од земјата)
• Најбрзо растечка економија (луѓето немаат за леб)
• Најбрзо растечки минимални плати (платите останаа 400 евра – најниски во Европа)
• Најголема куповна моќ (Ова најдобро го знаат граѓаните)
• Најевтино гориво (дизел 100 денари)
• Најдобри мерки за поевтинување (при секоја најава на мерки – сè поскапува)
• Континуиран раст (на криминални тендери)
• Индустриски раст (фабриките се затвораат BMZ и Artex, 3% помалку вработени)
• Огромен инвестициски раст (инвестициите паднаа повеќе од 60%)
• Седум квартали раст на БДП (Во последниот квартал само 0,3%. Трендот е забавување, а не забрзување).
• Пензиите зголемени (пари за пензии нема, а вториот столб сакаат да го национализираат)
• Буџетот во одлична кондиција (секоја недела ново задолжување)
• Смален долг (државата ја задолжија со над 2,5 милијарди евра за две години)
• Заштитени од енергетски шок (ММФ забележа дека ги користеле државните резерви на енергенси за да го ублажат шокот).
Дали постои некој подобар од Мицкоски?
Нема.
Можеби само Вучиќ – бидејќи него го копира и црта на табла исто како него.
А кога некој ќе почне да ти црта на табла, народот вели:
„Толку ли си глуп што морам да ти нацртам?“
Граѓаните не се слепи.
Не се глуви.
А најмалку се наивни.
Тие имаат своја секојдневна статистика – паричникот и фрижидерот.
И таа статистика вели едно:
и двете се празни.
Изгледа Мицкоски бил првиот човек на Месечината.
Веројатно затоа што рускиот космонаут одел со Лајка во посадата.
Небото е граница за Мицкоски.




