Директорот на Стоилковиќ за образование со речник на уличар – повторно со навреди

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мирослав Тричковиќ, прв човек на Стоилковиќ, денеска призна дека тој стои зад текстот полн со навреди и говор на омраза.

Прво го потпиша како „Србите“. Денес призна – тој лично.

А кој е Мирослав Тричковиќ? Тој е директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадници на заедниците.

Човек задолжен за унапредување на образованието – со речник на простак и уличар.

Ова се кадрите на оваа Влада.

Човек близок до Иван Стоилковиќ, дел од коалицијата на организираната криминална група ВМРО, се обидува да ја поистовети целата српска заедница во Македонија со својот личен, навредлив и примитивен речник.

Како што Вучиќ се поистоветува со сите Срби, а СНС со Србија, така и овој директор за образование се обидува да ги стави сите Срби во Македонија зад меморандум на омраза и поделби што самиот го напишал.

Прво се криеше зад заедницата. Сега призна – тој е авторот.

И денеска истиот тој Тричковиќ повторно се појавува – повторно преку портал на Орбановата медиумска мрежа и ВМРО-ОКГ, под уредништво на Драган Павловиќ Латас.

Латас, нивен колега од српските служби, долгогодишен промотор на антиевропски ставови, на „српскиот свет“ и на руските интереси во регионот.

Истата мрежа. Истите играчи. Истата злоупотреба на српската заедница за политички пресметки.

Граѓаните мораат да видат какви кадри поставува оваа власт. Директори за образование што зборуваат со јазикот на улицата, а ја злоупотребуваат српската заедница за интереси на Вучиќевите играчи и на БИА.

Ова не е глас на заедницата. Ова е глас на еден послушник со функција.