Соопштение за јавност
Вчера конечно добивме име и презиме на авторот на гнасниот текст полн со тешки навреди и говор на омраза против СДСМ и проф. д-р Венко Филипче.
Авторот е Мирослав Тричковиќ.
Прво го потпиша како „Србите“. Вчера призна – тој лично бил.
Кој е навистина Мирослав Тричковиќ?
• Бил советник во Советот на Општина Куманово од листата на ВМРО
• Висок функционер на Демократската партија на Србите во Македонија
• Долгогодишен близок соработник, човек од најголема доверба и прв оперативец на Иван Стоилковиќ
• Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград
• Регрутиран во структурите на БИА по директна препорака на Иван Стоилковиќ
• Во 2017 година добива задача да го стави во функција порталот Srbi.mk, чиј уредник и сопственик е самиот тој.
• Денес е Директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазици на припадници на заедниците.
Човек задолжен за образование – со речник на простак и уличар.
Ова се кадрите на Владата на Христијан Мицкоски. Тоа се експертите за унапредување на јазиците, на ВМРО.
Тричковиќ е познат како голем русофил и отворен противник на НАТО.
Тој е поврзан со десничарски, фашистички и екстремни кругови во Србија – со Миша Вациќ (Српска десница), Драгослав Бокан (Бели орлови), како и со Александар Ѓурѓевиќ (Српска лига), според чиј модел БИА создаде партија за Саша Богдановиќ (поранешен ЗНАМ), еден од оние кои работеа на разнебитување на СДСМ заедно со Максим Димитриевски во корист на Мицкоски.
Промотор на Слободан Милошевиќ и на политиката од 90-тите години. Промотор на Алта Банка, која е во сопственост на браќата Вучиќ и која служи за финансирање на „српскиот свет“, како и на пропагандата на Вучиќ и ВМРО-ОКГ против ЕУ.
Почитувач е на Драгoш Калаиќ, еден од првите јавно декларирани фашисти во Југославија по смртта на Тито, Жељко Ражнатовиќ Аркан, командант на Српската доброволна гарда, Капетан Драган, осуден за воени злосторства во Хрватска, како и на неодамна починатиот хашки осуденик Небојша Павковиќ.
Што прави овој човек?
Ја злоупотребува целата српска заедница во Македонија.
Прво се крие зад „Србите“, а потоа признава дека тој лично стои зад текстот полн со омраза.
Ова е методот на „српскиот свет“.
Истиот модел што го користат Александар Вучиќ и СНС – да се поистоветат себеси со целиот народ, а потоа во име на народот да сеат омраза и поделби.
Тричковиќ е човек на Стоилковиќ.
Стоилковиќ е човек на Мицкоски.
Мицкоски е дел од истата мрежа што води кон Вучиќ и кон структурите што го промовираат „српскиот свет“ и антиевропската агенда во регионот.
Директор за образование со речник на уличар.
Оперативец поврзан со БИА.
Човек што ја користи српската заедница како штит и како оружје.
Ова не е глас на Србите во Македонија.
Ова е глас на еден послушник на Стоилковиќ, на Мицкоски и на мрежата што работи против европската иднина на Македонија.
Граѓаните мораат да знаат со кого имаат работа.


