Соопштение за јавност
Здружението на новинари на Македонија алармира за директни закани по живот кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов.
Во коментари се повикува на негово физичко елиминирање. Се бара „јунак“ што ќе „расчисти“ со него. Се бара да биде „решен на експресен начин“.
Ова не е обичен интернет-инцидент. Ова е директна последица од политиката што ја води Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.
Политика на поделби.
Политика на сеење омраза.
Политика од деведесеттите години.
Мицкоски ја официјализираше оваа атмосфера уште на најголемиот државен празник – Илинден, кога дел од граѓаните што не се согласуваат со неговата политика ги нарече „талог“.
Оттогаш кампањата продолжи. Секојдневно. Систематски.
Кога премиер го дели народот на „патриоти“ и „талог“, кога со месеци се создава атмосфера во која поинаквото мислење се третира како непријателство, тогаш заканите кон новинари се само логична последица.
Бараме итна и целосна реакција од МВР.
Бараме идентификација на профилите што се закануваат со смрт.
Бараме Јавното обвинителство да постапи без одложување.
Слободата на говорот и безбедноста на новинарите се темелни права на секое слободно и демократско општество.
Не смееме да ја заборавиме деценијата на мрак под власта на ВМРО и Груевски.
Денес, Мицкоски повторно се обидува да создаде атмосфера на страв, притисок и замолчување. Не смееме да дозволиме истото да се повтори.
Оваа атмосфера на омраза ја создадоа тие. Тие треба да одговараат за последиците.


