Соопштение за јавност
Од свечен пречек со црвен тепих и камери, преку куќен притвор, до најава за целосна слобода.
Артан Груби веројатно наскоро ќе излезе и од куќен притвор, ако обвинителот кој го извади од Шутка не поднесе обвинение во законскиот рок.
И сега се поставува логичното прашање:
Кога Груби ќе биде слободен – дали повторно СДСМ и проф. д-р Венко Филипче ќе бидат прогласени за виновни?
Секако. Тоа е стандардната матрица на организираната криминална група ВМРО и на шефот на бандата, Христијан Мицкоски.
Затоа што Мицкоски комплетно управува со правосудството.
– Обвинители поставува во живо на телевизија.
– Другите ги дискредитира и ги нарекува „медиокритети“.
– За судии поставува свои советници, сопруги на функционери на ВМРО и луѓе блиски до Сашо Мијалков.
– Судски процеси нарачува од собраниската говорница, преку медиумите, а на крај и по телефон.
Извештајот на Европската Комисија констатира најголем политички притисок врз правосудството досега.
Мицкоски е директно повикан.
Невладините организации предупредуваат.
Извештаите зборуваат за директна спрега меѓу Мицкоски и дел од правосудството.
Целиот процес околу Груби се одвива под контрола на власта што тој ја води.
И кога Груби ќе биде слободен, сценариото е веќе напишано: Виновни ќе бидат СДСМ и Филипче.
Како ние не бевме виновни кога Никола Груевски беше ослободен?
Како не бевме виновни кога Драган Павловиќ Латас беше ослободен?
Како не сме виновни кога беше укината пресудата за враќање на имотот на ВМРО-ОКГ стекнат со криминал – Белата палата?
Секогаш кога нивни човек се спасува – виновна е опозицијата.
Секогаш кога системот работи по нивна нарачка – виновни се СДСМ.
Ова е стандардната операција на ВМРО-ОКГ, со Гебелсовата пропаганда од истиот ослободен Латас, со пораки на Ванчо Михајлов, т.е Христијан Мицкоски – како што е „талог“.
Граѓаните веќе го препознаваат сценариото.
И повеќе не веруваат во него.
Наскоро доаѓа времето на вистината и правдата. Власта повторно ќе биде во рацете на народот.


