Вучиќевата Алта банка го презеде и осигурувањето – додека Црна Гора ја одбива, Мицкоски ја пушта Алта Банка во сите пори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Алта банка, блиска до Александар Вучиќ и СНС, продолжува со ширење во Македонија.

По Стопанска банка АД Битола, сега влегува и во осигурувањето. ЗОИЛ официјално преминува во Алта осигурување.

Во исто време, Владата на Црна Гора го стопира аранжманот со истата Алта банка.

Одбиваат да влезат во бизнис со банка околу која има сериозни европски истраги, контроверзии и прашања околу потеклото на парите на банката.

Црна Гора оди кон Европската Унија во 2028 година.

Македонија не само што стои во место – оди наназад. Изолацијата е целосна. Стануваме слепо црево на Балканот.

Сценариото е препишано од СНС:

• Прво влегуваат во банкарскиот сектор
• Потоа го преземаат осигурувањето
• Јавните претпријатија почнуваат да ги префрлаат парите на сметки во „нивна“ банка
• Се создава паралелен финансиски систем близок до власта.

Во Белград овој модел веќе функционира. Во Скопје Мицкоски го спроведува без отпор.

Оваа банка сега веќе служи за финансирање на Орбановата-ВМРО медиумска мрежа, која контролира околу 40% од медиумскиот пазар во Македонија.

Уште малку ќе стигнат и Вучиќевите медиуми (Ало група), кои ќе се финансираат од истиот центар.

Затоа Латас и Мицкоски се мирни. Затоа и Ивона Талевска може да биде мирна – ќе има од каде да се финансира формирањето на Euronews Македонија, со Вучиќева лиценца.

Додека Црна Гора внимава кого пушта во финансискиот систем, Мицкоски ја отвора вратата ширум и за парите, и за пропагандата.

Ова не е обична деловна транзиција. Ова е преземање на финансиски и медиумски позиции од страна на мрежа блиска до Вучиќ, преку послушниот партнер Мицкоски.