fbpx

Паника кај медиумските курири

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Продолжува драмата помеѓу Никола Груевски и неговите медиумски курири кои се во уплав од незапирливиот процес за средување на состојбите во медиумскaта сфера.

Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристристрасно, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните.

Од тоа се испаничени куририте и Никола Груевски.

Средувањето на состојбите во медиумите, ќе значи крај за виртуелни инвестиции, виртуелни работни места, виртуелни политики на Груевски од кои се иселија 626.312 илјади луѓе.

Наспроти лагите на Груевски, ќе застане вистината.

Груевски ги сака лагите затоа што се плаши од вистината. Груевски ровари против процесoт за професионални медиуми, заедно со медиумските послушници навикнати на корупција со пари од граѓаните.

Груевски сака да постојат само Курир и куририте што ги читаат на телевизија, виртуелни вести што ги објавува ова гласило.

Минаа недели и денови, се уште нема одговор што навистина е Курир, интернет портал, информативна агенција, агенција-партија?

Курир воопшто не пренесува ставови на граѓани, здруженија, политички партии и експерти коишто имаат критички ставови кон Груевски и неговите погрешни политики.

Курир крие од јавноста кој навистина работи за овој портал / информативна агенција / агенција – партија и се уште го нема објавено својот импресум.

Груевски, Курир и нивните одработувачи направија од Македонија Северна Кореја бидејки сакаат да блокираат се што е поврзано со вистината.

Преговарачкиот процес за медиумите става крај на самоволието на Груевски и неговите медиумски курири, на нивните навреди, клевети, говорот на омраза.

СДСМ ќе ги врати слободата во општеството и слободата во медиумите.

Новинарите професионално и слободно ќе можат да работат, каква штo е нивната должност пред јавноста.

По 24-ти април и победата на СДСМ, медиумите во Македонија ќе бидат слободни!

Скопје, 01.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести