Соопштение за јавност
Деновиве слушаме: трета економија сме во Европа, први во туризмот, најдобри во авио-сообраќајот,
најбрзо растечки плати и пензии.
Фактите се поинакви.
Потрошувачката кошница изнесува 70.000 денари.
Минималната плата е 26.000 денари.
Просечната плата е околу 49.000 денари.
На млад човек што нема стан му требаат околу 90.000 денари само за основни трошоци за живот.
И сега народот „не разбира“.
Мицкоски ќе ни нацрта на табла – па ќе ни стане јасно.
Може да црта колку сака.
Нема подобра статистика од паричникот и фрижидерот.
А таму е едноставно, празно.
Човек што носи на рака часовник од 65.000 евра не може да разбере како живее народот.
Не може, кога се вози со државен авион.
Колената не го болат од работа – туку од клечење и молење за власт.
Повеќе не поминува Гебелсовата пропаганда на Латас.
Повеќе не поминува ниту „патриотизмот“ врзан за тендери и бугарски државјанства.
Нема да помине ниту техниката на Ванчо Михајлов со наративот „талог“.
Народот не е талог.
Овде се знае кој е талог.
Народот ќе победи.
Македонија ќе ја победи оваа организирана криминална група наречена ВМРО и нејзиниот шеф Мицкоски.
Ќе ги победи трујачите на Македонија.
Ќе го победи и целиот странски интерес и агенда по која работат.
Ќе победи и ќе ја врати власта во свои раце.


