И по „научно-образовната“ екскурзија – ВМРО ги нарекува граѓаните на Македонија „талог“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мислевме дека по враќањето од Брисел, Христијан Мицкоски научил нешто повеќе од францускиот предлог.

Мислевме дека на таа „научно-образовна“ екскурзија разбрал дека методите на Ванчо Михајлов не се за во 21от век.

Мислевме дека разбрал дека пропагандата што ја спроведува Латас по модел на Гебелс не е за граѓани на европска земја – особено не за народ со антифашистичка историја.

Но, не.

Преку своите портпароли, Мицкоски повторно ја продолжува кампањата „талог“.

Илинден годинава наместо ден на единство и прослава на државноста, ќе остане запаметен како почеток на кампањата „талог“ и продолжување на поделбата на народот.

Претседателот на „промакедонската“ партија – која не може да биде македонска кога половина од функционерите имаат бугарски пасоши – одлучи наместо поделба на „предавници“ и „патриоти“ (моделот на Ванчо), сега да дели на:

• подобни – оние што молчат, ги поднесуваат сите економски и здравствени неуспеси на владата и не креваат глас,

• и неподобни – сите што се противат на организираната криминална група што ја предводи Мицкоски, а се вика ВМРО.

Сите што сакаат успешна, богата, здрава и европска Македонија – за него се „талог на општеството“.

Прво ги примени техниките на Ванчо Михајлов против политичките противници.

Потоа ги примени и внатре во партијата, ги отстрани сите потпретседатели и од општинските комитети направи лични фан-клубови.

Сега останаа само „подобните“ гласачи што треба да му ја осигуруваат власта и „неподобните“ што не сакаат изолирана, корумпирана и сиромашна држава.

За Мицкоски – тие се „талог“.