ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар

Свиркачи до нас доставија шокантно видео кое го објавивме.

Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци.

Настанот се случил пред два дена, во недела, на 16 август.

Кој е Милко Бошковски?

Вработен во МВР, во отсек за организиран криминал.

Бошковски е директно поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски.

Негов личен пријател и според нашите информации близок соработник.

Ова не е обичен безбедносен инцидент.

Прашњето е зошто се крие од јавноста овој настан?

Која е позадината?

Панче Тошковски глуми експерт за вода, за хиперхлорирање, за чистење водоводи, прави се само не си ја работи својата работа.

Каде е да каже зошто кај вработени во МВР и поврзани со кумот на премиерот Мицкоски се фрлаат бомби?

Информациите кои свиркачите ги доставија до нас водат до основани сомненија дека причината е нереализиран бизнис дил со провизии.

Јавно го повикуваме Јавното обвинителство да отвори истрага, да ги провери овие наводи и основани сомнежи и да одговори:

Дали е во прашање провизија – мито од 300.000 евра за бизниси и тендери?

Каде требало да завршат 300.000 евра?

Дали има некаква врска со тендери во РЕК и со градежно атрактивно земјиште во Скопје?

Панче Тошковски да одговори со што се занимаваат неговите вработени?

Дали е точно дека истиот овој полициски службеник бил и претходно пријавен во Јавно обвинителство за барање мито од 200.000 евра од поранешен градоначалник?

Вака изгледа кога организирана криминална група владее со државата.

Граѓаните очекуваат одговори, граѓаните очекуваат одговорност.

Линк до видео: