Соопштение за јавност
Организираната криминална група ВМРО и Миле Лефков бараат СДСМ да објави извештај од анализите на водата.
Да, добро прочитавте.
Водата за пиење не се утврдува на партиски брифинг или прес. Ја утврдуваат државни институции.
Државата ја водат ВМРО-ОКГ, Мицкоски, Клековски и нивните кадри, а не СДСМ.
Анализите на водата ги прават Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје Тетово, Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Дел од наодите се доставени до Јавното обвинителство.
Тоа се државни институции.
Нив не ги води СДСМ. Ги води ова криминална власт.
Мицкоски рече дека ќе го објави извештајот за водата во Гостивар.
Водата се испитува секој ден. Зошто тогаш не ги објавувате веќе пет недели?
Клековски најави објава до 20 август.
Документ со целосна, јавна и потпишана анализа сè уште нема.
Наместо документ, има изјави дека водата е безбедна.
Ако водата е чиста, зошто се крие анализата? Ако има што да се сокрие, кажете што.
Префрлањето кон СДСМ не го заменува извештајот.
Граѓаните не бараат партиска расправа. Бараат лабораториски резултат: кој земал мостра, на кој датум, од која точка, што покажала микробиологијата и кој потпишал дека водата е за пиење.
Неизвесноста ја создавате вие. Еден месец противречни изјави, забрани, техничка вода, нови бактерии, потоа уверување без документ.
Тоа е паника. Не барањето да се види анализата.
Надзор над водата за пиење, инспекција, епидемија и јавно здравје се надлежност на министерствата и државните институции.
ВМРО-ОКГ е на власт, влеговте во третата година, уште не сте сфатиле?!
Објавете ги анализите.
Што криете?


