Фрчкоски: Пет недели Гостивар без вода, ВМРО наместо одговорност и решение – здравица и славење

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Катастрофата со загадената вода во Гостивар и ескалирањето на западно-нилската треска во Скопје, се показател за една елементарна целосна неспособност на власта на ВМРО, како на централно, така и на локално ниво, нагласи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, во гостувањето во „Вести плус“ на телевизија Канал 5.

„Гледате за што зборуваме во 21 век? Гостивар е пет недели без вода, сè уште се чека некаков резултат на хартија, официјален и потпишан, за квалитетот и дозволеноста на водата за пиење, а во Скопје поради непрскање за комарци, има зараза од која што 35 луѓе се заболени, четворица се починати, што е 10% од заразените и 6 луѓе се во тешка здравствена состојба. Буквално елементарна целосна негрижа, незаинтересираност и во едниот и во другиот случај, тотална неспособност да се справат со базичните основни работи – вода, здравје“, рече Фрчкоски.

Во интервјуто Фрчкоски посочи дека додека граѓаните на Гостивар пет недели чекаат безбедна вода за пиење, премиерот и министерот за здравство одат на одмор или научни екскурзии. Тој додаде дека извештајот за безбедноста на водата не го бара СДСМ, туку го бараат граѓаните на Гостивар, бидејќи здравицата со вода пред камерите не може да биде замена за официјален документ.

„Не ние. Граѓаните во Гостивар го бараат, затоа што онаа смешна демонстрација на наздравување со вода на чешма не е доволно убедителна за цел град после 5.000 заболени и 2.000 хоспитализирани одеднаш да верува дека водата е со адекватен квалитет за пиење. Пет недели нема цел град вода за пиење и тоа, замислите, го решаваа со три цистерни. И после одеа по одмори. А институциите меѓу себе се бавеа која е помалку надлежна“, рече Фрчкоски.

Притоа, Фрчкоски нагласи дека граѓаните ќе имаат доверба во безбедноста на водата кога ќе видат официјален и потпишан документ од одговорно лице кое ќе гарантира дека водата е безбедна за пиење.

„Ќе веруваме и ние, и граѓаните на Гостивар, што е најважно, кога ќе видат документ официјален, потпишан од одговорно лице, кој што гарантира дека водата е безбедна за пиење. Оние смешни сцени пред чешма, здравици, не смее на тоа да се сведе институционалниот одговор и решавање на ваков проблем кој што зафати цел еден град“, рече Фрчкоски.

Воедно, Фрчкоски посочи на потребата од одговорност и истрага за начинот на кој институциите го следеа квалитетот на водата, особено по различните наоди во периодот.

„Она што сметам дека треба да биде работа на обвинителството во наредниот период и за која што поднесовме и соодветна кривична пријава, имам впечаток дека голем дел од институциите го камуфлираа тоа што се случувало, затоа што имаше еден период на позитивни извештаи во однос на квалитетот на водата, па одеднаш се отвора предистрага на обвинителството и истите институции кои што го проверувале квалитетот на водата претходно и кажувале дека таа е во ред, одеднаш констатираат дека 20-тина дена наназад водата била небезбедна за пиење – во 21 век за каква власт и за каква одговорност збориме“, рече Фрчкоски.