Филипче: СДСМ секогаш е подготвен за избори – во септември го претставуваме Мастер планот за Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, со тим, добра програма и конкретен план за иднината на државата, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој најави дека веќе во текот на септември СДСМ ќе го претстави Мастер планот за Македонија, со што граѓаните ќе можат јасно да ја видат понудата на партијата.

„Го кажав тоа неколку пати до сега, секогаш сме подготвени. И со тим, и со добра програма, со еден план кој што ќе го презентираме, Мастер план за Македонија, ќе го презентираме во текот на септември, за да гласачите ја знаат нашата понуда, кога и да бидат изборите“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека партијата нема да му служи како алиби на Христијан Мицкоски за распишување предвремени избори.

„Но алиби на Христијан Мицкоски за изборите нема да бидеме. Тој вика, доколку опозицијата бара избори, ние сме спремни веднаш да одиме. Се поставува прашањето, зошто не ја слуша опозицијата во други случаи? Зошто, на пример, така насила ја укина техничката влада? Ако му значеше мислењето на опозицијата. Зошто така насила сака да го донесат Изборниот закон? Со одредби на кои што ние се противиме. И имаме реални, објективни забелешки“, рече Филипче.

Мицкоски сега се обидува од опозицијата да направи алиби за предвремени избори.

„И сега бара алиби за избори, како опозицијата. Ние апсолутно не сме алиби за предвремените избори. Предвремени избори ќе има, кога Христијан Мицкоски и неговата криминална група веќе нема да имаат пари“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Линк до видео: