Мицкоски бара алиби за изборите – ќе му го дадат руската и српската служба

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски бара алиби за избори.

Кажува дека нема да има предвремени избори, но може ако некој му фрли ракавица. СДСМ јасно порача дека нема да биде алиби на Мицкоски.

Тој не сака да признае дека нема пари во буџетот. Сè потрошил за криминални тендери.

Секоја недела нови задолжувања, но тоа нема да може да оди во недоглед.

Сепак, за секое задолжување или кредит, потребни се гаранции. Со водење на ваква економија од денес за утре, нема да добие можност за ново задолжување. Го нема повеќе Орбан, па да пласира кинески пари преку Унгарија во земја членка на НАТО.

Сега скока Левица, стариот добар руски сателит во заштита на Мицкоски.

Мицкоски е руски прокси-играч.

Исклучиво работи за лична материјална корист, но истовремено ја исполнува и руската и српската анти-ЕУ агенда. Единствено ним им одговара Македонија да остане надвор од ЕУ, како тампон-зона. Ова лично му одговара и на Мицкоски, бидејќи со ЕУ доаѓа и европското обвинителство, а тогаш некој ќе мора да одговара за криминал и корупција.

Владата и Мицкоски немаат ниту еден резултат. Економија, земјоделство, образование, здравство, дипломатија – ЕУ процесот. Ништо.

Вучиќ најави избори. Мицкоски мора да ги распише изборите во исто време со него. Не може да чека тој да изгуби како и другиот негов ментор Орбан, кој целосно ја изгуби власта.

Мицкоски, покрај 40 проценти орбанови медиуми, воведува тешка српска медиумска артилерија преку АЛО групата и лиценцата на Euronews.

Кампањата е заснована на поделби по моделот на Ванчо Михајлов.

Повеќе не можат да ги користат Бугарите во кампања како минатиот пат, бидејќи се компромитираа – цело ВМРО и нивните семејства не само што имаат бугарски државјанства, туку и фирми.

Потребен е нов измислен противник. Ќе го најдат, ќе го измислат кај Албанците.

Веќе видено сценарио – тоа не е потребно само за националистичката кампања на ВМРО во Македонија, туку и за менторот Вучиќ.

Затоа Стоилковиќ деновиве е во Србија на договори со СНС.

На Мицкоски му треба алиби – ќе го добие од српските и руските служби, преку своите сателити во Македонија.

Народе, гледајте го сценариото во режија на Александар Вучиќ. Мицкоски е само главната улога.

СДСМ нема да учествува во оваа игра. Нема да бидеме алиби. Граѓаните заслужуваат вистина, а не режирана претстава.