Соопштение за јавност
Пензионерите беа излажани од Мицкоски и ВМРО, со методологијата на СДСМ ќе добиеја повеќе пари доколку останеше усогласувањето на пензиите.
Сега Мицкоски го напушта линеарното усогласување и најавува дека ќе ја примени методологијата на СДСМ.
И пензионерите ги излажа.
Линеарниот модел на Владата ги оштети сите пензионери.
Со линеарните зголемувања на пензиите во септември 2025 година и во март 2026 година од по 1.000 денари, пензионерите во државата изгубија пари, беа украдени од оваа власт.
Доколку останеше методологијата којашто ја воведе Владата на СДСМ, пензионерите ќе добиеа многу повеќе пари.
При усогласувањето во септември 2025 година, пензионерите со најниска пензија би добиле 1.280 денари, додека пензионерите во повисоките категории би добиле помеѓу 1.550 и 3.100 денари, односно во просек околу 2.000 денари.
Во март 2026 година повторно имаше линеарно зголемување од 1.000 денари во сите категории. Тогаш сите 347.296 пензионери повторно изгубиле пари, односно биле украдени од оваа власт.
Доколку останеше методологијата на СДСМ, тогаш, при последното зголемување, пензионерите би добиле помеѓу 1.500 и 1.800 денари.
Има ли некој кој Мицкоски не го излажа?



