Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека Владата нема резултати на ниту едно поле и дека граѓаните се оставени без мерки, додека цените на горивата се 100 денари, а минималната плата е најниска во споредба со околните земји.
„Откога ништо друго не направи, нема резултат на ниту едно поле, ниту на економија, ниту во делот на социјалата, ниту во образованието, ниту во енергетиката, ако сакате, гледајте што се случува. Над 100 денари се горивата. Ни една мерка нема за ниту еден граѓанин, за ниту една загрозена категорија на граѓани. Така се оставени луѓето. Само гол ПР од страна на Владата, најниски биле горивата во регионот. Па каква е платата? Каква е куповната моќ? Не може да се споредиме со околните земји. Најниска минимална плата имаме. Косово има повисока од нас. Кажува премиерот, била најниска цената на горивата. Што ако е најниска ако граѓаните не можат да ја купат?, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Линк до видео:
