Соопштение за јавност
Се потврдува сè она за што СДСМ со месеци ја предупредува македонската јавност.
Како што најавивме, операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ власта на Мицкоски ја спроведува и во Македонија.
Влегува српската медиумска машинерија во Македонија и тоа на сомнителен начин со заобиколување и злоупотреба на македонските закони.
За ова сериозно прашање денеска алармираат и националните телевизии и јавниот сервис МРТ.
Македонската медиумска асоцијација ММА и МРТ соопштија дека имаат материјални докази за канали кои подолг период работат без домашна дозвола.
Сериозно е нивното тврдење дека АВМУ ги третира како странски програмски сервиси, иако продукцијата, новинарите, коментаторите и гостите се во Скопје, студиските емисии се во Македонија, а програмата се емитува на македонски јазик.
Истиот модел сега се подготвува и за Euronews Македонија и влегувањето на Ало групацијата.
СДСМ со месеци предупредува: проектот на Вучиќ и неговиот „српски свет“ кој Мицкоски го спроведува и во Македонија не само преку „copy-paste“ политиката туку и преку медиумите, капиталот и контролата врз информациите.
Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, кога нема подобар живот за граѓаните, кога нема европска перспектива за граѓаните, тогаш единствено што останува на оваа власт е да воспостави контрола врз медиумскиот простор.
Операцијата за градење структура која треба да ја зајакне веќе постоечката Орбанова медиумска мрежа во Македонија ја водат Началникот задолжен за пропагдана на Мицкоски, Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска.
СДСМ во целост ги поддржува баарањата на телевизиите кои јавно предупредија дека нема да го дозволат и побараа институциите да утврдат одговорност.



