Соопштение за јавност
Со Мицкоски Македонија стана заложник на туѓи интереси на Балканот.
ЕУ брза Црна Гора што поскоро да стане членка поради хибридното дејствување на Александар Вучиќ.
Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ објави безбедносни информации оти затворањето на преговарачките поглавја на Црна Гора со ЕУ ќе биде следено од координирани хибридни напади.
Комесарката Марта Кос изјави дека Европската Унија мора да има гаранции дека идните членки нема да се претворат во внатрешни „тројански коњи“.
Конгресмени од САД бараат да му се воведат санкции на Вучиќ поради уривање на демократијата.
Конгресменот Џо Вилсон од САД, на својо X профил објави дека „под претседателството на Вучиќ, Србија намерно сè повеќе се оддалечува од владеењето на правото и се приближува кон непријателите на слободата, како воениот злосторник Путин“ и Кина.
Вучиќ воведува електронско гласање. Дели пасоши и пријавува граѓани од Босна, Црна Гора и Македонија во Србија. Се подготвува за изборна кражба затоа што знае дека му доаѓа крајот.
Мицкоски, по тој модел, се обидува да воведе гласање за дијаспората без контрола.
Како што зборуваме веќе со месеци, Мицкоски прави copy-paste на сè што Вучиќ и сестринската партија СНС го прават во Србија.
Медиумите се подготвени. Латас, човек на српските служби, води кампањи по методот на Гебелс, навреди, поделби, постојано повторување на ист навредлив термин за да се дехуманизира политичкиот противник.
Стоилковиќ во Македонија отворено работи на кинеската и руската агенда.
Навредува пратеници во Собранието, го велича Ратко Младиќ.
Се е дел од иста кампања. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија.
Граѓаните заслужуваат европска иднина, а не да бидат заложници на туѓи интереси.



