Соопштение за јавност
Владата на вчерашната седница, според информациите на СДСМ, усвоила потреба за ново задолжување на државата во износ од 1,3 милијарди евра, соопшти претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес конференција.
„Според нашите информации, на вчерашната седница на Влада е усвоена потреба за ново задолжување на земјата. И тоа, замислете, сумата е од 1,3 милијарда евра. Значи Владата повторно ја задолжува земјата, граѓаните, со нови 1,3 милијарда евра. Пари дополнително на оние 2,5 милијарди евра, со кои што го зголемија долгот на државата во изминатите две години. Пари кои што ќе ги враќаме сите ние, зашто поради нивните лоши економски политики“, рече Филипче.
Тој посочи дека новото задолжување доаѓа во време кога граѓаните се соочуваат со сè потежок животен стандард, а компаниите чекаат огромни средства за поврат на ДДВ.
„Над 200 милиони евра е долгот за поврат на ДДВ. А Владата нè задолжува со нови, внимавајте, 1,3 милијарда евра. 4 милијарди евра ќе биде вкупното ново задолжување за само 2 години. Околу 40% од вкупното претходно задолжување на нашата земја. За само 2 години. Па вие видете си“, рече Филипче.
Филипче посочи дека, наспроти огромното задолжување, граѓаните не гледаат подобрување на животниот стандард.
Потрошувачката кошничка за година и пол пораснала за близу 10.000 денари, од 60.000 на речиси 70.000 денари, а со трошоците за кирија или станбен кредит достигнува близу 90.000 денари.
Линк до видео:

