Филипче: Целта на влезот на српските медиуми е тотален медиумски мрак

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Целта на влезот на српските медиуми во Македонија е воспоставување медиумски мрак и контрола на медиумите од еден центар, предупреди претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.

„Ширењето на српското влијание и српскиот свет, тоа не го кажуваме ние. Тоа го кажа во Извештајот Европскиот парламент. И тоа не сега, пред некое време. Пред повеќе месеци. Ние само сме сведоци на тоа и го потенцираме поради тоа што мислиме дека е дел од комплексната формула зошто ние тука стоиме во место. И сме целосно изолирани во ситуација кога близу 40% од медиумите се контролирани од луѓе блиски на Орбан, зарем сега да дозволиме и останатите медиуми да завладеат, затоа што целта на влезот на овие медиуми од Србија е медиумски мрак“, истакна Филипче.

Суштинското прашање е создавањето систем во кој медиумите ќе бидат контролирани од еден центар.

„Затоа што ќе се контролираат од еден центар за медиуми, ништо друго. Што се случи со лиценцата на Еуронјуз? Ја зедоа луѓе блиски до ВМРО и Христијан Мицкоски. Сега влегува Ало Медија. Па тоа ќе биде тотален медиумски мрак. Тотален медиумски мрак. Од каде се тие пари? Зарем не е влез на српскиот свет и Алта банка?“, праша Филипче.

Тој порача дека СДСМ ќе продолжи внимателно да ги следи овие процеси и ќе реагира на секоја нова информација.

„Ќе ја пратиме ситуацијата и нормално дека ќе интервенираме, ќе постапуваме согласно тоа што ќе излегува како нова информација. Ќе ја предводиме оваа битка против оваа изолација на земјата, предводена од оваа ненародна власт. И ќе победиме. Граѓаните, народот, ќе победи“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Линк до видео: