Филипче: Мицкоски ја доведе Македонија да биде најсиромашна во Европа и изолирана

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Лошите економски политики на Владата на Христијан Мицкоски ја туркаат Македонија во сиромаштија, изолација и иселување, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Тој посочи дека граѓаните живеат со најниска минимална плата и низок стандард, додека нема реформи, економски напредок ниту мерки за подобрување на животот.

„Веќе на сите им е јасно дека намерно се измислуваат блокади и проблеми со соседите само за да седиме тука како слепо црево на Балканот. Земја во која нема реформи, нема напредок, најсиромашната земја, не во Европа, но на Балканот најсиромашната земја со најниска минимална плата и со најнизок стандард“, рече Филипче.

Тој посочи дека за само година и пол потрошувачката кошничка е зголемена за близу 10.000 денари, од 60.000 на речиси 70.000 денари, а со трошоците за кирија или станбен кредит достигнува близу 90.000 денари.

„Оваа власт не сакаше минималната плата да ја зголеми на 600 евра. И затоа сакам да најавам дека повторно во Собранието ќе го поднесеме Законот за зголемување на минималната плата“, рече Филипче.

Предлогот на СДСМ е минималната плата да изнесува 600 евра, а државата да ги субвенционира придонесите на приватните компании за разликата од зголемувањето.

„Едноставно, работниците да можат да си обезбедат достоинствен живот на своите семејства. Инаку, ниту три минимални плати не можат да го достигнат трошокот на потрошувачката кошничка“, истакна Филипче.

Напредок не се спинови, туку подобар животен стандард, повисоки плати, функционален систем и европска перспектива, додаде тој.

„Напредок на земјата се добри економски политики, мерки за граѓаните, зголемување на платите, зголемување на минималната плата, мерки за граѓаните кога има криза, како сега што има со горивата поради војната во Блискиот Исток, добри пензии, не да ги крадат пензиите, солидарното зголемување, понатаму реформи на системот и Европа. Нема друга формула за успех“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Линк до видео:

https://www.youtube.com/user/SDSMtube