Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За две години потрошувачката кошничка порасна за околу 10.000 денари, од околу 60.000 на речиси 70.000 денари, додека платите не го следат растот на трошоците за живот, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче посочи дека доколку на основните трошоци од потрошувачката кошничка се додадат и трошоците за кирија или станбен кредит, реалниот месечен трошок за едно семејство достигнува близу 90.000 денари.

„Ако потрошувачката кошничка за година и пол дена пораснала за некаде близу 10.000 денари, била 60.000 денари, сега е скоро 70.000. Ако на тоа се додадат и трошоци како кирија или кредит станбен, таа потрошувачка кошничка изнесува близу 90.000 денари“, истакна Филипче.

Филипче нагласи дека во услови на раст на цените и зголемени трошоци за живот, власта не презема конкретни мерки за поддршка на граѓаните.

„Зголемени горива за повеќе од 20% од почетокот на кризата. Никаква мерка за ниту една категорија на граѓани“, посочи Филипче.

Филипче обвини дека во исто време власта во неколку наврати го одбиваше предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата на 600 евра, и најави дека СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за зголемување на минималната плата.

„Оваа власт не сакаше минималната плата да ја зголеми на 600 евра. И затоа сакам да најавам дека повторно во Собранието ќе го поднесеме Законот за зголемување на минималната плата. Минималната плата да биде 600 евра и да се субвенционираат придонесите на приватните компании за разликата од зголемувањето на платите, за да приватните компании не го почувствуваат тој товар на себе. Едноставно, работниците да можат да си обезбедат достоинствен живот на своите семејства. Инаку, ниту три минимални плати не можат да го достигнат трошокот на потрошувачката кошничка“, истакна Филипче.

Линк до видео:

https://www.youtube.com/user/SDSMtube