Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека премиерот Христијан Мицкоски брутално ја задолжува државата, поради што јавниот долг ќе порасне на рекордни 65% од бруто домашниот производ, односно на речиси 12 милијарди евра.
„Колку треба да биде очаен човек да каже дека расте бруто домашниот производ, а при тоа, секојдневно, брутално и сè повеќе ја задолжува земјата. Затоа што, ако економијата добро работи, тогаш ќе се задолжуваме со помалку пари и вкупниот долг ќе се намалува, а нема да се зголемува“, потенцираше Филипче.
Филипче посочи дека со најавеното ново задолжување од 1,3 милијарди евра, вкупниот долг на земјата ќе достигне досега невидено ниво.
„Еве го документот којшто поминала информација и потреба за задолжување на земјава со нови 1,3 милијарди евра. Повторувам, 1,3 милијарди евра. Нов долг. Со којшто вкупниот долг, ќе порасне на земја на досега рекордни, никогаш достигнати, скоро 12 милијарди евра. Од којшто над 4 се нов долг само во изминатите две ипол години од власта на Христијан Мицкоски. И со тоа, долгот ќе порасне на 65%, повторно рекордни, од бруто домашниот долг“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Филипче посочи дека зад задолжувањето нема економска стратегија, ниту политики што ќе донесат подобар животен стандард за граѓаните.
„Оваа власт едноставно ниту има капацитет, ниту стратегија, ниту план, ниту желба да направи нешто добро за граѓаните. Само брутално задолжување и проекти коишто не се инвестираат во капитални инвестиции, поради тоа што тоа ќе значи дека економијата добро работи и долгот ќе се намалува, туку само ќе трошат парите на партиски тендери. Секојдневно ги слушаме паничните крици на премиерот Христијан Мицкоски во обид што подолго време да остане на власт. Колку треба да биде очаен човек да со лажни податоци и со лаги ги претстави сопствените неуспеси како некакви си успеси, посебно во сферата на економијата и посебно што не може граѓаните да ги излаже за тоа како живеат.“, потенцираше Филипче.
Линк до видео:


