Соопштение за јавност
Не може да има пари за луксуз и владин авион, а да нема за повисоки плати, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочувајќи дека во услови на тешка економска состојба власта треба да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди средства за подобрување на стандардот на граѓаните.
„Има неколку ставки во буџетот, сè што треба да се направи, да се направи на ставката луксуз. Да се намали на ставката луксуз. А има што да се намали. Автомобили, мебел. Прашањето е дали можеме тоа да го очекуваме од оваа власт којашто сè уште и покрај, оваа тешка економска состојба најавува купување на нов владин авион. Тоа е суштинското прашање.“, истакна Филипче.
Посочувајќи на тешката состојба со која се соочуваат граѓаните и притисокот врз домашните буџети, Филипче рече дека СДСМ во Собранието ќе го поднесеме Законот за зголемување на минималната плата.Повторно ќе бара минималната плата да се зголеми на 36.000 денари, односно 600 евра.
„Бараме минималната плата да се качи на 36.000 денари, односно 600 евра, со што барем некако, ќе закрпат граѓаните, стандардот ќе им се подобри, ќе можат да се консолидираат семејните буџети во пресрет на тешките есенски месеци, кога сега ќе се зголемат сметките за струја, дополнително сметки за греење, сега огромен удар на домашниот буџет, школскиот прибор за децата и искрено верувам дека власта ќе има слух“, порача Филипче.
Линк до видео:


