Марта Кос ја откажа посетата на Србија за величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска ја откажа планираната посета на Србија поради величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.

Пораката од Европската Унија и од Кос е повеќе од јасна.

„Величењето што ја придружува неговата смрт е неспоиво со вредностите врз кои се гради патот кон ЕУ. Тој пат бара соочување со минатото, вистинско помирување и почитување на жртвите на воените злосторства“, напиша Марта Кос на X.

Тоа што денеска го кажува Европската Унија е токму она за што СДСМ рeагираше и се случи во Македонија.

Величењето на воен злосторник е неспоиво со европските вредности.

Но, Христијан Мицкоски ги заштити Иван Стоилковиќ и Далибор Китановиќ по нивните ставови и величењето на Младиќ.

Нема оставки. Нема разрешувања. Нема одговорност.

Мицкоски свесно одлучи да ги заштити.

Сега уште појасно се гледа каде ја води Македонија оваа политика на Мицкоски по рецептот на Вучиќ.

Намерна изолација, далеку од ЕУ, антиевропска кампања и одработување за руската агенда.