Вуко Мелов до власта: Нема да нè замолчите, ќе продолжиме гласно да се бориме за лозарите!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Власта е во паника.

Се плаши од растечкото незадоволство од народот, се плаши од вистината.

Нема решение за проблемот со лозарството, па посегнува по притисок и обиди за замолчување на оние кои јавно зборуваат за проблемите.

Во петокот бев повикан на информативен разговор во полициска станица поради објава на Фејсбук. Која не е објавена ниту од мојот личен профил.

Дали локалната и централната власт на ВМРО-ОКГ, Мицкоски и градоначалчникот Јанчев ги користат институциите како инструмент за заплашување на граѓаните, на неистомислениците, за притисок врз оние кои јавно ги критикуваат нивните катастрофални политики?

Носат декрети во Собрание со забрани да говори опозицијата за „економски работници“, напаѓаат млади затоа што ја кажаа вистината за труењето со водата во Гостивар, сега притисок врз мене, врз советник од СДСМ.

Исти методи кои ги гледаме во соседна Србија од страна на Вучиќ и кои потсетуваат на времето на Никола Груевски.

Никој не ви се плаши. Нема да ме замолчите.
СДСМ ќе се бори со сите демократски средства против оваа сè поотворена диктатура.

Гласно ќе продолжиме да се бориме за лозарите и против вашата криминалната власт.

А за злоупотреба на институциите ќе има одговорност.

Грозјето на лозарите скапува на нивите.

Вранецот не се откупува од страна на винариите ни приближно од произведените количини.

Затоа СДСМ бараме итен интервентен откуп од страна на државата.

Укинување на 8% намалување на откупната цена, дополнителна субвенција за секој откупен килограм и транспарентна методологија за формирање на откупната цена, во која јасно ќе биде кажан приносот кој се зема како параметар за пресметка на производната цена и шеќерните единици.

Наместо после девет години повторно да слушаме ветувања за дестилеријата, прашање е зошто ветеното сеуште не се реализира, бидејќи тоа беше едно од клучните ветувања на градоначалникот во три изборни програми.

Лозарите бараат откуп, фер цена и решение и СДСМ е на нивна страна.

Линк до видеото :