Јас сум Родољуб Настевски од Кичево, пчелар повеќе од 40 години.
Пријавувањето на пчелните семејства го извршив на 1.4.2026 година во канцеларијата на Министерството за шумарство и водостопанство. Ги пријавив на 31 август оваа година.
Наместо субвенциите да бидат исплатени на крајот на април и почетокот на мај, ние се прашуваме дали воопшто ќе добиеме субвенции за 2025 година.
Во ваква година, со екстремно високи температури, кога пчелните семејства не можат ни летниот период да го преживеат, ние се прашуваме дали ќе имаме некаква надокнада за лековите и за шеќерот, за да преживеат нашите пчелни семејства.
И не е само тоа спорно за нас, пчеларите. Тука е и појавата на медари кои на сите пазари, во маркетите и покрај патиштата низ Македонија продаваат вештачки мед, а зборуваат дека е природен, а притоа немаат ниту едно пчелно семејство.
Нашето Министерство и нашата Влада треба да обрнат големо внимание на пчеларите, бидејќи пчелата е многу важна за развојот на земјоделието во секоја земја.
Линк до видеото :
https://www.facebook.com/reel/1587102906199356


