Филипче: Македонија стана слепо црево додека целиот регион оди кон ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Македонија стана слепо црево во Европа додека целиот регион оди напред, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, посочувајќи дека Владата на Христијан Мицкоски го блокира европскиот пат на земјата.

Филипче рече дека власта има огромно мнозинство во Собранието и можност да решава крупни прашања за граѓаните и државата, но, наместо тоа, не презема ништо, се занимава со криминални тендери и го блокира европскиот пат.

„Мицкоски, кој што има сега огромно мнозинство во две третини дни во парламентот, кој што требаше и можеше да заврши крупни прашања за граѓаните и за државата, а тој реши да не прави ништо. Само да учествуваат во криминални партиски тендери и да ги блокира сите процеси. Го блокира Европскиот пат на земјата“, рече Филипче.

Филипче посочи дека Македонија заостанува додека другите земји од регионот напредуваат кон Европската Унија.

„Македонија стана слепо црево сега во Европа, а цел регион оди напред. Црна Гора, Албанија. Што ќе се случи ако се затвори вратата за проширување во Европа, кој тогаш ќе ја преземе одговорноста. И зошто тогаш ќе одговара Христијан Мицкоски? Затоа што ќе ги загрози националните интереси“, рече Филипче.

Линк до видео: