Со часовници од 60 илјади евра, одела од 5 илјади евра и бизниси арамијата Мицкоски се прогласи за елита

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски ужива во луксуз и пари додека народот едвај врзува крај со крај.

Со часовници од 60 илјади евра, со одела „Зења“ и „Бриони“ од по 5 илјади евра, со бизниси… арамијата Мицкоски се прогласи за македонска елита.

Граѓните се со празни фрижидери и празни паричници, цените се до плафон, платите стагнираат, минималната плата е најниска во Европа.

А елитата, нова буржоазија со часовници кои вредат колку 150 минимални плати ужива во својот луксуз, полнејќи ги своите џебови со народни пари.

Баш арамија.

Уште и ги навредува граѓаните дека се „талог“.

Граѓаните не се талог.

Граѓаните се сопственици на оваа држава.

А на оваа „елита“, на овие арамии местото им е во Шутка и во Идризово, да одговара за целиот криминал.

Доаѓа тоа време. Граѓаните на Македонија ќе ја вратат власта во свои раце, а потоа оваа елита ќе одговара.

Еден побегна. Овие нема да побегнат.